• среда, 15 мај 2024

„Војска на крадци“ најгледан филм на Нетфликс

„Војска на крадци“ најгледан филм на Нетфликс
Лос Анџелес, 3 ноември 2021 (МИА) - Филмот „Војска на крадци“ (Army of Thieves) на Зак Снајдер ја симна серијата „Игри на лигњи“ (Squid Game) од бројот 1 меѓу најгледаните содржини на Нетфликс, по скоро еден месец доминација. Снајдер ја прослави веста на Твитер. „'Армијата на крадците' е број еден во повеќе од 90 земји“, напиша тој. Заплетот на филмот, кој всушност е претпродолжение на „Армија на мртвите“, е сместен во раните денови на зомби-инвазијата во Лас Вегас. На ИМДБ, филмот засега има оценка 6,4 /10, а на страницата „Ротен томатос“, која собира мислења од филмските критичари, има 70 насто успешност. https://www.youtube.com/watch?v=Ith2WetKXlg

Остани поврзан