Вооружен инцидент во училиште во Тајланд
- Тајландската полиција денеска уапси 18-годишно момче кое упадна во училиште, отвори оган и зеде заложници
Бангкок, 11 февруари 2026 (МИА) – Тајландската полиција денеска уапси 18-годишно момче кое упадна во училиште, отвори оган и зеде заложници.
Напаѓачот влезе во едно училиште во градот Хат Јаи и отвори оган, при што се повредени еден ученик и еден наставник.
Полицијата ги ослободи сите заложници.
Вооруженото насилство во Тајланд не е невообичаено. Во 2022 година поранешен полицаец упадна во детска градинка и уби 36 лица, од кои 22 деца. ми/рп/
фото: МИА архива