• недела, 23 јуни 2024

Вооружено лице забарикадирано во хотел во Франција, хотелот евакуиран

Вооружено лице забарикадирано во хотел во Франција, хотелот евакуиран

Париз, 23 август 2022 (МИА) - Вооружен маж, војник кој не сакал да се приклучи на неговиот баталјон е забарикадиран во неговата хотелска соба. Се водат преговори за негово предавање, а силите на редот го евакуираа хотелот, јави дописникот на МИА од Париз.

„Вооружен маж е заробен сам од утрово во хотелска соба во Монсо-ле-Мајнс (Сона-ет-Лоара), соопшти префектурата, додавајќи дека се водат преговори со него.

Како што е наведено во соопштението, „лицето се заклучило во својата соба во хотелот „Ибис“ во Монсо-ле-Мајнс од 11 часот.

„Како мерка на претпазливост, хотелот е евакуиран од сите негови клиенти и персонал“, се додава во соопштението. Според извор запознаен со случајот, вооружениот маж е војник кој не сакал да се приклучи на неговиот баталјон.

„Полицијата и жандармеријата го затворија пристапот до околината“, велат од префектурата, од каде додаваат дека се водат преговори за извлекување на човекот од хотелот. Мобилизирана е и интервентната единица на националната полиција, покрај Бригадите за борба против криминалот. тг/паг/

Остани поврзан