• понеделник, 23 декември 2024

Вонредна седница на надзорниот одбор на ЕЦБ поради превирањата на финансиските пазари

Вонредна седница на надзорниот одбор на ЕЦБ поради превирањата на финансиските пазари

Брисел, 17 март 2023 (МИА) - Европската централна банка денеска одржува вонреден состанок на надзорниот одбор за да го разгледа влијанието на превирањата на финансиските пазари врз банкарскиот сектор во еврозоната.

Акциите на банките паднаа оваа недела со оглед на тоа дека инвеститорите се загрижени поради колапсот на американската Банка на Силициумска долина (СВБ)  и проблемите во швајцарскиот Кредит Свис (Credit Suisse).

Превирањата на пазарите стивнаа дури откако САД обезбедија исплата на депозити на клиентите на СВБ, а швајцарската централна банка обезбеди 50 милијарди франци на Кредит Свис за поддршка на нејзината ликвидност.

ЕЦБ на вчерашната редовна седница повторно ги зголеми каматните стапки во еврозоната, за половина процентен поен, нагласувајќи дека инфлацијата предолго ќе биде превисока. Според последните прогнози на банките, таа годинава треба да биде 5,3 отсто, а следната година 2,9 отсто.

Банката таргетира стапка на инфлација од околу два отсто на среден рок.

Во соопштението за печатот, ЕЦБ предупреди и дека најновите макроекономски проекции се направени на почетокот на март, пред последните тензии на финансиските пазари, кои „имплицираат дополнителна неизвесност во фундаменталните проценки за инфлацијата и растот“.

Остани поврзан