• сабота, 21 декември 2024

Вонредната состојба би продолжила пред се заради економските импликации, за да може Владата да функционира додека нема Парламент, вели Заев

Вонредната состојба би продолжила пред се заради економските импликации, за да може Владата да функционира додека нема Парламент, вели Заев
Скопје, 13 мај 2020 (МИА) - Вонредната состојба беше воведена заради здравствената состојба и епидемијата на Ковид-19, но и поради економските импликации од коронакризата, со цел Владата да може да носи уредби со законска сила и да им помогне на граѓаните и на стопанството, додека немаме Парламент, истакна вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто за ТВ Телма, во кое меѓу другото говореше и за можност за продолжување на вонредната состојба. -Инцијативата да прогласиме вонредна состојба се донесе кај претседателот на државата и тогаш причините беа економските импликации, за да може Владата да носи уредби со законска сили и да им помогне на граѓаните, на стопанството, а и заради здравствената состојба. Сите мерки кои ги гледате како се димензионираат околу ограничувањата не се уредби со законска сила, туку се одлуки на Влада. Уредбите најмногу се однесуваат на економските импликации, така што ако биде продолжена ќе биде заради економските импликации, а ако не биде продолжена тоа ќе биде поради тоа што повеќе нема економски причини за тоа, истакна претседателот на владејачката партија. Напомена дека единствениот механизам во моментот во однос на изборите е уредбата со законска сила за изборите, кои како што рече се дефинирани од завршување на вонредната состојба. -Затоа што тоа е решението на претседателот на парламентот. Само тој распишува избори. Тоа решение е сега замрзнато, додека трае вонредната состојба. Штом заврши се одмрзнува и остануваат уште 22 дена до изборите. Логиката ми кажува дека ќе има продолжување на вонредната состојба поради економски веројатно и здравствени причини, и на крајот заради правно формални, истакна Заев, додавајќи дека тоа ќе и овозможи на Владата да ги реализира сите мерки за помош на економијата во услови кога нема Парламент. Во врска со изборите и вонредната состојба напомена дека има законски рокови и оти сите изборни дејствија се замрзнаа со прогласувањето на првата 30-дневна вонредна состојба на 16 март. Коментирајќи ја изјавата на Мицкоски дека препораката на Венецијанската комисија е по завршување на вонредна сосотјба да изминат барем 60 дена пред да се организираат избори, Заев рече дека тоа е согласно Уставот на Грузија, а во нашиот Устав тоа не е предвидено. Во интервјуто тој говореше и последните случувања околу Литијава во Струга, при што повтори дека СДСМ го осуди собирот на граѓаните, но и бара оставка од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. -СДСМ ќе поднесе кривична пријава за оваа работа, за да остане трага, друг да не го направи истото. Оливер Спасовски јавно побара Чулев да поднесе оставка. Се работи за принцип, се работи за нешто што е темел на нашиот Устав. Зошто се применуваат санкциите, за да друг не ги направи истите грешки. Зошто има забрана, таа треба да се почитува. Овде има сериозна одговорност, зборувам за двете најголеми верски заедници во државата. Законот мора да важи еднакво за сите. Зборувам принципиелно како политичар или растеретен човек. Да не се вратиме назад ако попуштиме сега, ќе треба неколку години да го постигнеме ова. Едно општество за сите е голема вредност. Сите сме граѓани денеска. И од тој аспект еднаквоста треба да биде за сите. Треба да се научиме дека никој не е над законот, посочи Заев. мс/ац/                

Остани поврзан