• понеделник, 22 јули 2024

Вонреден инспекциски надзор во штипската болница откако пациент почина од сепса

Вонреден инспекциски надзор во штипската болница откако пациент почина од сепса
Штип, 25 август 2022 (МИА) - Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница Штип за 25-годишниот пациент кој починал од сепса, информираат од Министерството за здравство. Како што соопштија од МЗ, директорот на штипската болница Ален Георгијев побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентот. Претходно роднините на починатиот пациент Ј.Д. (25) од Берово на социјалните мрежи информираа дека тој починал откако добил сепса по дренирање заб во штипската болница. Смртта на пациентот ја потврдија и од штипската болница. По завршениот вонреден инспекциски надзор, Министерството за здравство информира дека јавноста ќе биде поконкретно информирана. ки/сп/

Остани поврзан