• среда, 25 декември 2024

Вол Стрит Џурнал: Трамп разговарал со Маск да му биде советник ако се врати во Белата куќа

Вол Стрит Џурнал: Трамп разговарал со Маск да му биде советник ако се врати во Белата куќа

Вашингтон, 29 мај 2024 (МИА) – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп размислува да работи со бизнисменот Илон Маск како советник доколку тој се врати во Белата куќа по изборите во ноември, објави денеска Вол Стрит Џурнал (Wall Street Journal) повикувајќи се на свои извори.

Весникот наведува дека Трамп и Маск разговарале како сопственикот на Тесла може да постигне „формален придонес и влијание“ врз економската и граничната безбедносна политика.

Маск, наводно, го известил републиканскиот кандидат за тоа на кој начин води кампања за влијание чија цел е да ги убеди бизнисмените да не го поддржат претседателот Џозеф Бајден во ноември. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан