• понеделник, 14 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Волф за трката за Големата награда на Саудиска Арабија: Тоа беше најлошата изведба на Мерцедес во сезоната досега

Волф за трката за Големата награда на Саудиска Арабија: Тоа беше најлошата изведба на Мерцедес во сезоната досега

Лондон, 22 април 2025 (МИА) – Извршниот директор на Формула 1 тимот Мерцедес, ја оцени трката во Џеда како најлоша за Мерцедес во тековната сезона.

Волф и сите во тимот се разочарани од перформанси и резултатите на саудиското Гран при.

- Тоа беше најлошата изведба на Мерцедес во сезоната досега. Нашето темпо едноставно исчезна поради гранулација и прегревање на гумите, а досега не најдовме објаснување за тоа што се случи. Ги приспособувате вашите очекувања кога сте вториот најбрз тим на теренот, а потоа се случува тоа што не сакаме да го постигнеме. Се разбира, ова само ја зголемува вашата фрустрација од ситуацијата, изјави Волф.

Пилотите на Мерцедес, Џорџ Расел и Кими Антонели трката во Саудиската Арабија во неделата ја завршија на 5. и 6. место. зс/

Фото: ЕПА  

Остани поврзан