• четврток, 21 ноември 2024

Волстрит журнал: Администрацијата на Бајден ја запре продажбата на оружје на Саудиска Арабија и Емиратите

Волстрит журнал: Администрацијата на Бајден ја запре продажбата на оружје на Саудиска Арабија и Емиратите

Вашингтон, 28 јануари 2021 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во средата воведе привремена суспензија на продажбата на оружје на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати за време на ревизијата на продажба на оружје во вредност од милијарди долари, одобрена од поранешниот претседател Доналд Трамп.

Ревизијата вклучува продажба на ракети на Ријад, како и врвни борбени авиони Ф-35 на Абу Даби, претходно одобрени од Вашингтон, како дел од „Договорот на Абрахам“, според кој Емиратите воспоставија дипломатски односи со Израел, објави Волстрит журнал.

Како што е наведено, не е невообичаено новата администрација да изврши ревизија на продажбата на оружје одобрена од претходниот претседател и дека ќе се изврши добар дел од трансакциите.

Но, во согласност со предизборните ветувања на Бајден, Вашингтон сака да осигура дека американското оружје повеќе нема да се користи во воената кампања предводена од Саудиска Арабија во Јемен, каде што во конфликтот со бунтовничкото движење Хуси, поддржано од Иран, загинаа илјадници цивили и предизвика глад. Во извештајот се наведува дека Конгресот и американската наменска индустрија ќе бидат информирани за ревизијата во наредните денови. Се додава дека не е познато колку време ќе трае овој процес, ниту се наведува точната вредност на продажбата на оружје под ревизија. паг/    

Остани поврзан