• сабота, 06 јули 2024

Волонтери од Црвен крст Делчево добија пехар за најдобри резултати од ПХВ Програмата

Волонтери од Црвен крст Делчево добија пехар за најдобри резултати од ПХВ Програмата

Делчево, 17 јуни 2023 (МИА) - Волонтерите од Општинската организација на Црвен Крст Делчево се добитници на пехар за постигнати најдобри резултати во овогодинешната ПХВ Програма. Како што информираа од делчевската општинската организација на Црвен крст, од вкупно 151 мал изработен проект и 25 проекти со сонце, волонтерите од Делчево заедно со врсниците од Куманово и Кавадарци покажале најдобри резултати изработувајки по три проекти со сонце.

- Огромна чест е да се постигнат толку високи резултати помеѓу голем број на млади луѓе со хумани срца. Црвен крст - Општинска организација Делчево за прв пат го освојува првото место во ПХВ програмата. Благодарност и честитки до сите волонтери кои беа вклучени во овој циклус на ПХВ програмата, а најголема благодарност до ПХВ дисеминаторот Ангела Петровска која безрезервно се даде за постигнување на овие резултати, се вели во објавата од Црвен крст Делчево по повод добивањето на наградата.

Оттаму се заблагодарија на сите хумани граѓани и институции кои им изразиле поддршка.

- Благодарност до сите кои дадоа свој допринос во реализација на  четиритете мини проекти од кои две беа оценети со 5+++*, еден беше оценет со 5+* и еден мини проект беше оценет со 5++, додадоа од Црвен Крст Делчево.

Заблагодарувајки се за наградата делчевските волонтери најавија дека и во иднина ќе бидат активни учесници во новиот циклус од ПХВ Програмата. вс/сх/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан