• недела, 22 декември 2024

Волканоски и Стојановски јуниорски прваци во пинг-понг

Волканоски и Стојановски јуниорски прваци во пинг-понг
Крива Паланка, 5 јуни 2021 (МИА) – Теодор Волканоски во машка и Ана Стојановска во женска конкуренција се новите македонски јуниорски прваци во пинг-понг. Волканоски од пингпонгарскиот клуб „Крушево“ и Стојановска од тимот на „Крива Паланка“ во супериорен стил ги освоија титулите, препуштајќи им на своите противници по само два сета. На државното првенство во Крива Паланка, кое поради пандемијата на коронавирус не се одржа изминатите две години, настапија повеќе од 30 пингпонгари во јуниорска конкуренција. Пласман јуниори 1.Теодор Волканоски ППК Крушево 2. Борис Секулов ППК Астраион 3. Даниел Зхоу Главевски ППК Мултитекс, Нико Доага ППК Крушево Пласман Јуниорки 1.Ана Стојановска ППК Крива Паланка 2.Катарина Лаура Михаилов 3.Сара С Стојановска ППК Крива Паланка, Софија Хасану ППК Крушево. ег

Остани поврзан