• петок, 21 февруари 2025

Вокер: Имавме контрола над играта, но работите драматично се променија во вториот дел

Вокер: Имавме контрола над играта, но работите драматично се променија во вториот дел

Милано, 19 февруари 2025 (МИА) - Дефанзивецот на Милан, Кајл Вокер се осврна на елиминацијата од Феенорд во Лигата на шампионите.

Двете екипи вчеравечер одиграа 1:1 во реваншот од плејоф рундата во елитното фудбалско натпреварување. Италијанскиот тим загуби со вкупни 2:1 и е елиминиран од турнирот.

-Ја контролиравме играта, но во второто полувреме сè драматично се смени, изјави Вокер за сајтот на УЕФА.

Во 51. минута италијанскиот тим остана со еден играч помалку бидејќи дефанзивецот Тео Ернандез доби црвен картон (втор жолт) за симулација.

Ждрепката за 1/8-финалето во Лигата на шампионите ќе се одржи во петок на 21 февруари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан