• сабота, 13 декември 2025

Возовите на „Еуростар“ до и од Лондон повторно се во функција

Возовите на „Еуростар“ до и од Лондон повторно се во функција

Лондон, 31 декември 2023 (МИА) -  Возовите на компанијата „Еуростар“ до и од Лондон денеска повторно сообраќаат откако вчера беа откажани 41 линија поради поплави во тунелот под Темза.

Компанијата соопшти дека британската железничка компанија „Нетворк Реил“ (Network Rail) ја има ситуацијата под контрола и овозможила да се пушти во употреба барем една од цевките во тунелот, пишува „НЛ Тајмс“.

Компанијата ги предупреди патниците да очекуваат доцнења поради ограничувањата на брзината и метежот на станиците. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан