• петок, 20 февруари 2026

Возач потешко повреден откако со автомобилот излетал на сервисната улица кај Гевгелија

Возач потешко повреден откако со автомобилот излетал на сервисната улица кај Гевгелија

Струмица, 21 јануари 2026 (МИА)- Вчера во 18:30 часот М.М. (38) од село Петрово, гевгелиско, управувајќи автомобил „даихатсу“ со гевгелиски регистарски ознаки излетал од надвор од коловозот на сервисната улица покрај автопатот „Пријателство“ кон Граничниот премин Богородица, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според полициското соопштение, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.рт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан