• петок, 06 февруари 2026

Воени аташеа од 14 држави во посета на Штип

Воени аташеа од 14 држави во посета на Штип
Штип, 22 септември 2021 (МИА) - Воени аташеа од 14 држави денеска беа во посета на Штип, а имаа и средба со градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов. Во текот на средбата биле презентирани можностите за развој и инвестиции во општината. - Имав чест како градоначалник лично да го презентирам нашиот град, со што располага Штип и да им пренесеме на нашите партнери во НАТО дека треба да продолжат да инвестираат, да продолжат да градат структури, кои ја даваат безбедноста и сигурноста на нашите граѓани и на тој начин да привлечеме и инвестиции, што ќе го развие нашиот град, вели Николов. Според Николов, воените аташеа биле воодушени од градот, но и од гостопримливоста на жителите. вдј/цр

Остани поврзан