• понеделник, 23 декември 2024

Воениот рок во Грција, од мај се зголемува на 12 месеци

Воениот рок во Грција, од мај се зголемува на 12 месеци
Атина, 22 јануари 2021 (МИА) – Од девет на 12 месеци ќе се зголеми воениот рок во Грција од мај годинава, а за конкретниот предлогот на Министерството за одбрана, што вчера бил разгледан на владиниот совет за надворешна политика и одбрана, во следниот период ќе биде издадена и министерска одлука, јави дописничката на МИА од Атина. Министер за одбрана на Грција Никос Панајотопулос рече дека предлогот е дел од општата рамка за надградба на вооружените сили и времетраењето на воениот рок во армијата ќе биде еднакво со оној во воената морнарица и военото воздухопловство односно една година. Девет месеци, како што објасни Панајотопулос, предвидени се за оние кои воениот рок ќе го отслужат во делови со специфични оперативни и географски карактеристики, под услов целиот рок да го отслужат во конкретната единица. -Новите регулативи ќе стапат во сила во мај и не се однесуваат на оние кои веќе го служат воениот рок. Оваа министерска одлука е дел од најавите на премиерот во врска со целокупната надградба на вооружените сили со средства и персонал, рече Панајотопулос. ср/

Остани поврзан