• понеделник, 23 декември 2024

Воениот договор на Кина и Соломонските Острови ги загрижи Австралија и Нов Зеланд

Воениот договор на Кина и Соломонските Острови ги загрижи Австралија и Нов Зеланд
Канбера, 28 март 2022 (МИА) - Премиерите на Австралија и Нов Зеланд, Скот Морисон и Џасинда Ардерн, денеска изразија загриженост поради потенцијалното присуство на кинеската војска на Соломонските Острови, во југозападен Пацифик. Во документ објавен минатата недела, се наведува дека Кина би можела да го зголеми военото присуство таму, вклучувајќи и засилување на флотата. Морисон изјави дека по состанокот со премиерката на Нов Зеланд за викендот, денеска планира да разговара за ситуацијата со колегите од Папуа Нова Гвинеја и Фиџи. - Извештаите што ги видовме не нè изненадуваат и нè потсетуваат на постојаниот притисок и закана од регионот за нашата национална безбедност. Загрижени сме за регионот, но, не сме изненадени. Свесни сме за овој вид притисок веќе долго време, појасни премиерот на Австралија. Според Ардерн, потенцијалното кинеско присуство во регионот претставува „сериозна загриженост“. - Таквите потези ги гледаме како потенцијална милитаризација на регионот. Не гледаме потреба за такво присуство, кога се работи за безбедноста на Пацификот, истакна Ардерн. Минатата недела, Соломонските Острови соопштија дека потпишан е договор со Кина. Но, соседите во регионот ги загрижи нацртот на поширокиот безбедносен договор, што се појави на интернет. бд/
 

Остани поврзан