• сабота, 21 декември 2024

Воениот аналитичар Џереми Боб за „Џерусалем Пост“: Израел веројатно планира инвазија врз Газа, најголемата досега

Воениот аналитичар Џереми Боб за „Џерусалем Пост“: Израел веројатно планира инвазија врз Газа, најголемата досега

Ерусалим, 8 октомври 2023 (МИА) – Воениот аналитичар Јонах Џереми Боб синоќа за „Џерусалем Пост“ изјави дека Израел најверојатно планира голем копнен напад врз Газа, што ќе биде најголемиот од инвазијата во 2014 година.

-Ќе има втор чин, а тоа е инвазија на Газа и мислам дека ќе биде поголема од онаа во 2014 година, кога Израел повика 80.000 резервисти, изјави Боб.

Израел има четири резервни дивизии што веќе ги повикува и денеска веќе премести 35 бригади на границата.

-Така што тоа Израел го имаше вчера во 6:30 утрината, кога почна нападот на Хамас, е малку во споредба со тоа што го има во моментов. Во рок од ден или два, Израелците ќе имаат огромна сила која ќе може да ги совлада силите на Хамас во Газа, изјави Боб за Ал Џезира.

„Прашањето е до каде сакаат да одат? Дали сакаат да го соборат Хамас и да имаат контрола или да ја предадат контролата на палестинската управа или на мултинационални сили со сите последици што би можеле да ги имаат?“, се прашува Боб. сд/

Фото: Џерусалем пост 

Остани поврзан