Воена парада во Дамаск по повод првата годишнина од падот на режимот на Башар ал Асад
- На улиците на Дамаск денеска се одржа воена парада на единици на новата сириска армија и безбедносни сили, со нови знамиња и униформи, по повод првата годишнина од падот на режимот на Башар ал-Асад.
Дамаск, 8 декември 2025 (МИА) - На улиците на Дамаск денеска се одржа воена парада на единици на новата сириска армија и безбедносни сили, со нови знамиња и униформи, по повод првата годишнина од падот на режимот на Башар ал-Асад.

Новиот сириски државен врв, предводен од Ахмед ал-Шара, спроведе темелни промени во политичкиот и безбедносниот сектор, модернизирајќи ја армијата врз основа на искуствата од граѓанската војна. На парадата беа прикажани бројни воени возила и оружје набавено од Турција, која е стратешки партнер на новата влада.

Презентирани беа и новите униформи со придружна опрема, при што летаа хеликоптери и воена техника наследена од сириската Народна армија на Асад. Особено значајни беа демонстрираните дронови и поголеми беспилотни летала, произведувани самостојно, иако сè уште во полуиндустриски услови.

Снимките го покажуваат и степенот на уништување на инфраструктурата во Дамаск, која претрпе сериозни гранатирања и бомбардирања за време на граѓанската војна. ссм/
фото: ДПА