Воената хунта во Нигер ослободи десетици поранешни функционери и воени офицери, приведени по пучот од 2023 година
- Службениците беа ослободени од затвор „во согласност со препораките на националната реформска конференција“, се наведува во соопштението објавено на државната телевизија, во врска со конференцијата на која, исто така, беше изложено како земјата може да премине кон демократско владеење.

Нијамеи, 2 април 2025 (МИА) – Воената хунта во Нигер ослободи десетици поранешни владини функционери и воени офицери приведени по државниот удар во 2023 година, како дел од она што воените власти го опишаа како дел од напорите за реформирање на земјата.
Некои од функционерите работеа во кабинетот на соборениот претседател Мохамад Базум.
Службениците беа ослободени од затвор „во согласност со препораките на националната реформска конференција“, се наведува во соопштението објавено на државната телевизија, во врска со конференцијата на која, исто така, беше изложено како земјата може да премине кон демократско владеење.
Меѓу ослободените се Махаман Сани Исуфу, поранешен министер за нафта и син на поранешниот претседател Махамаду Исуфу, и Фумакое Гадо, претседател на Партијата за демократија и социјализам, владејачката партија во време на владеењето на претседателот Базум. Ослободени се и активисти и најмалку еден новинар.
Нивното ослободување дојде само неколку дена откако водачот на хунтата Абдурахамане Чијани положи заклетва како претседател на земјата во следниот петгодишен преоден период, согласно новата повелба што го замени Уставот на земјата.сд/
фото:МИА архива