• понеделник, 23 декември 2024

Водата од изворот „Еликсир“ во месноста „Моклиште“ кај Кавадарци не е за пиење 

Водата од изворот „Еликсир“ во месноста „Моклиште“ кај Кавадарци не е за пиење 

Кавадарци, 1 октомври 2023 (МИА) - Водата од изворот „Еликсир“ во месноста „Моклиште“ не е за пиење. Имајќи ја во предвид безбедноста на здравјето на граѓаните, од Центарот за управување со кризи за МИА информираа дека Општина Кавадарци итно постапила и поставила табла дека водата од изворот „Еликсир“ во месноста „Моклиште“ не е за пиење.

- Центарот за управување со кризи (ЦУК), по денешната неделна оперативна комуникација со претставници на Регионалниот ЦУК Кавадарци, информира дека е добиена информација, дека Општина Кавадарци веднаш и уредно постапила и поставила табла до изворот во месноста „Моклиште“, познат под името „Еликсир“, дека водата не е за пиење. Ваквата активност, за обележување на загадена вода за пиење, е спроведена од Општината во петокот попладне, согласно укажувањето на Центарот за јавно здравје, а добиената забрана за пиење од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), појаснија од ЦУК. 

Тоа е, нагласија, во интерес на здравјето и безбедноста на граѓаните од земјава и од странство, коишто често ја посетуваат месноста „Моклиште“, што е позната како дел од прекрасната природа околу градот Кавадарци.

Инаку, кој првпат, кој вторпат, кој по којзнае кој пат. Голем број на луѓе полнат вода во шишиња и туби од природната вода која се наоѓа во месноста Моклиште кавадаречко. Доаѓаат и од други места. Некои пешачат, други доаѓаат со возила. Водата ја нарекуваат „еликсир". свд/ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан