• четврток, 07 ноември 2024

Водата за пиење да се троши рационално, апелираат од кавадаречки „Комуналец"

Водата за пиење да се троши рационално, апелираат од кавадаречки „Комуналец
Кавадарци, 31 јануари 2022 (МИА) - Водата за пиење да се троши рационално, апелираат од кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец".
Оттаму појаснуваат дека во текот на денешниот ден се вршат монтажни работи на главниот водоснабдителен систем. Нагласуваат дека поради тоа, во текот на денот и во вечерните часови може да се јави намален притисок во водоводната мрежа.
Од претпријатието ги замолија за разбирање, оние корисници кои се соочуваат со намален притисок при водоснабдувањето. свд/вг/

Остани поврзан