• петок, 05 декември 2025

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Скопје, 20 октомври 2025 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажа контролата на 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа од 49 мерни места во Град Скопје, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, контролата е спроведена од 13 октомври 2025 до 17 октомври 2025 година.

- Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговораат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење,  информираат од ЈП „Водовод и канализација“- Скопје. мд/вј/

Фото: ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје 

Остани поврзан