Водата во Струга исправна за пиење
- Водата од струшкиот водовод може да се користи за пиење, информира Центарот за јавно здравје – Охрид по денешните анализи од повеќе мерни места.

Струга, 22 јануари 2021 (МИА) – Водата од струшкиот водовод може да се користи за пиење, информира Центарот за јавно здравје – Охрид по денешните анализи од повеќе мерни места.
Според испитаните физички хемиски и бактериолошки параметри, како што потврди за МИА Центарот за јавно здравје – Охрид, водата во Струга одговара на правилникот за безбедност за вода и е здравствено исправна за користење.
Од градскиот водовод во Струга речиси две недели течеше заматена вода, поради обилните врнежи на дожд што го зафатија регионот. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ апелираше да не се користи за пиење, изразувајќи благодарност до населението за разбирањето. сс/мс/