Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење
- Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“.
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“.
Од таму посочуваат дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 16 до 20 февруари 2026 година зел 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 43 мерни места во градот Скопје.
Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. дма/вг/
Фото: МИА архива