• петок, 05 декември 2025

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Скопје, 10 ноември 2025 (МИА) -  Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација. 

Секторот за санитарна контрола во периодот од 3 до 7 ноември 2025 земал 206 примероци за физичко-хемиска и 206  примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 50 мерни места во Градот Скопје.

Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. дма/са/

Фото: ЈП „Водовод и канализација

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан