Водата во Скопје безбедна за пиење
- Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација.
Скопје, 2 февруари 2026 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 26 до 30 јануари 2026 година зел 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во градот Скопје.
Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. дма/вј/
Фото: ЈП Водовод и канализација – Скопје