• петок, 05 декември 2025

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Скопје, 12 мај 2025 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна за пиење, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација" – Скопје. 

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, од 5 до 9 мај 2025 година земени се 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. Анализите се спроведени во Секторот за санитарна контрола.

- Сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација"-Скопје. дма/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан