• сабота, 23 ноември 2024

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Скопје, 29 август 2023 ( МИА) - Примероци од вода земени на 44 мерни места во Скопје, одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП Водовод и канализација.

Од 21 до 25 август биле земени 188 примероци за физичко-хемиска и 188 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење.

Анализите ги спроведе Секторот за Санитарна контрола, прва лабораторија во државата акредитирана за работа според стандардот ИСО17025:2018. љм/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан