• недела, 22 декември 2024

ВОА: Приемот на Косово во Советот на Европа не е на дневен ред на седницата на Комитетот на министри за надворешни работи

ВОА: Приемот на Косово во Советот на Европа не е на дневен ред на седницата на Комитетот на министри за надворешни работи

Вашингтон, 9 мај 2024 (МИА) - Приемот на Косово во Советот на Европа не е на дневен ред на седницата на Комитетот на министри за надворешни работи што се одржува следната недела, соопштија за Гласот на Америка во оваа меѓународна организација.

„Во овој момент не можеме да утврдиме кога тоа би можело да се случи. Официјалните ставови во овој поглед се во надлежност на релевантните национални органи“, се наведува во одговорот од Советот на Европа до ВОА.

Косовскиот премиер Албин Курти вчера изјави дека не прифаќа почетокот на формирањето на Заедницата на српските општини да биде основа за членството на Косово во Советот на Европа, оценувајќи дека тоа е услов за жалење на меѓународните сојузници.

На владиниот состанок во Приштина, Курти кажа дека е апсурдно да се бара нацрт-статутот на ЗСО да се испрати до Уставниот суд во Приштина, што според ставовите на Германија и Франција во претходните денови, што е услов за прашањето за членството на Косово во СЕ да се најде на дневниот ред на Комитетот на министри за надворешни работи на 46-те земји членки на СЕ кон средината на овој месец.

Меѓутоа, Франција и Германија побараа од Косово да ги иницира неопходните чекори за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство - и тоа кусо време откако ПССЕ ја усвои препораката за прием на Косово во членство.

Франција, на која и се приклучија Германија и Италија, сака да ја одложи одлуката за кандидатурата на Косово за членство во Советот на Европа на мајскиот состанок на Комитетот на министри, објави „Албаниан пост “,повикувајќи се на дипломатски извори.

Франција, Германија и Италија сметаат дека членството на Косово во СЕ треба да се одложи додека Приштина не докаже дека е посветена на формирањето на ЗСО.

Парламентарното собрание на Советот на Европа на 16 април го усвои нацрт-извештајот на известувачот за Косово во СЕ, Доре Бакојани, во која се препорачува Косово да му се одобри членство во Советот на Европа.сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан