• петок, 05 декември 2025

ВМФЛ: Македонија Ѓорче Петров и Арсими со сигурни победи

ВМФЛ: Македонија Ѓорче Петров и Арсими со сигурни победи

Скопје, 6 мај 2025 (МИА) - Лидерот во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), Македонија Ѓорче Петров оствари минимален триумф против Вардар Неготино со 1-0.

Голот вреден три бода го постигна Ристе Лембовски во 66. минута со што ѓорчепетровци ги носи екор поблиску до враќање во првата лига.

Вториот на табелата, Арсими го совлада Борец со 4-2 и го задржа чекорот со тимот од Скопје на врвот на табелата.

Стрелци на погодоците за победничкиот тим беа Георгиев, Мустафа и Албан кој постигна два гола. За екипата од Велес, од друга страна, погодија Панов и Османи.

Резултати - 28. коло - Втора лига:

Борец – Арсими 2-4
Брегалница – Беласица 1-0
Детонит Плачковица – Охрид 3-2
Скопје – Победа 0-0
Кожуф – Башкими 1-2
Осогово – Новаци 2-0
Вардар Неготино – Македонија ЃП 0-1
Вардарски – Каменица Саса 1-4

Табела:

Македонија ЃП 63
Арсими 61
Башкими 60
Брегалница 55
Детонит Плачковица 43
Охрид 42
Каменица Саса 39
Скопје 36
Кожуф 33
Новаци 32
Победа 32
Вардар Неготино 30
Осогово 26
Борец 13
Вардарски 11. дс

Фото: Архива

Остани поврзан