• понеделник, 16 јуни 2025

ВМРО - ДПМНЕ: Единствени кои се евакуираат се Филипче и Заев со стекнатиот капитал во Дубаи, а тоне само рејтингот на СДС

ВМРО - ДПМНЕ: Единствени кои се евакуираат се Филипче и Заев со стекнатиот капитал во Дубаи, а тоне само рејтингот на СДС

Скопје, 13 мај 2025

 

Единствени кои се евакуираат се екслидерот на СДС, Заев и Филипче со стекнатиот капитал и украдените народни пари во Дубаи.

СДС тоне со сопствениот рејтинг откако државата ја опустошија а народот го осиромашија.

СДС е партија каде партиските функционери секој ден се со скандали со дрога, криминал и корупција.

СДС е партија кој во своите редови има наркодилери, конзументи и е нивен заштитник а Филипче не се огради ниту од  Слаѓан Марковски од Гостивар, ниту од Јон Фрчкоски и Андон Стојков кој за само неколку месеци се фатени со дрога.

СДС е партија која во Струмица училиштата ги користи за партиски состаноци.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови странски инвестиции, отворање на нови работни места, повисоки плати и пензии.

СДС е синоним за неспособност предавства и криминал.

 

 
Со почит,

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан