• петок, 22 ноември 2024

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

ВМРО-НП:  Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

1 јули 2023 

ВМРО-Народна партија упатува целосна јасна и недвосмислена поддршка на Македонската православна црква – Охридска архиепископија по однос на прашањето за предлог Законите за матична евиденција и родова еднаквост.

Сметаме дека неприфатливо е донесувањето на овие Закони со кои не само што тоа ќе се изврши на крајно нетранспарентен начин туку и ќе задре до демократскиот капацитет на општеството во С. Македонија особено поради фактот што постојат огромни разлики кои доаѓаат не само од граѓанството туку и од страна на стручната јавност и верските заедници.

Потребна е поширока и посеопфатна дискусија помеѓу сите засегнати страни за изнаоѓање на вистински и правилен модалитет и методологија врз која ќе се таргетираат вистинските сегменти кои недостасуваат во предложените Закони, а притоа нема да задираат во чувствата на граѓаните на С. Македонија.

ВМРО-Народна партија како конзервативна и демохристијанска партија секогаш стои позади принципот на унапредување на еднаквоста помеѓу мажот и жената особено во општествено-политичкиот сегмент од живеењето, но во никој случај нема да дозволи разнебитување и доведување до степен на рушење на веќе постоечките семејни вредности преку донесување штетни Законски решенија со кои ќе се руши веќе постоечкиот концепт на семејството.

Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото:МИА архива 

Остани поврзан