• недела, 07 јули 2024

ВМРО-НП: Еве брз тест за КОВИД-19 набавен во аптека во Бугарија без рецепт по цена од 12 евра

ВМРО-НП: Еве брз тест за КОВИД-19 набавен во аптека во Бугарија без рецепт по цена од 12 евра
Скопје, 26 октомври 2020 -  Бидејки не можеме да ја разбереме контрадикторноста на претседателот на Комисијата за заразни болести, Д-р. Жарко Караџовски кој од една страна се сомнева во брзите тестови за Ковид-19, а притоа и самиот констатира дека во наредниот период ќе се набавеле како што кажа самиот тој, брзи тестови за брзо дијагностицирање на Ковид-19, ги приложуваме овие фотографии на брз тест кој е набавен во аптека во соседна Бугарија без рецепт по цена од 12 евра. Се надеваме дека Д-р Жарко Караџовски ќе ја расчисти дилемата и ќе може да донесе чист заклучок без да се иронизира моментот дека штом се продавале во аптека брзите ковид-тестови наликувале на тестови за бременост. Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија ______________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан