ВМРО-Народна партија: Постигнавме резултати со нула проценти маркетинг, довербата ни дава нови сили и енергија
- ВМРО-Народна партија како активен учесник со свои кандидати покрај коалицијата со СДСМ, настапи и со свои листи во три општини и тоа: во општина Илинден со освоени 7.50% и еден советнички мандат, во општина Чешиново-Облешево 6.40% и еден советнички мандат, како и освоени 4% со градоначалничкиот кандидат во Тетово, Стевица Саркоски.
Скопје, 21 октомври 2025 (МИА) - ВМРО-Народна партија им честита на сите политички партии за покажаниот демократски капацитет при реализацијата на предизборната кампања како и првиот изборен круг кој помина во претежно коректна и фер атмосфера, се наведува во соопштението на ВМРО-Народна партија кое МИА го пренесува интегрално.
ВМРО-Народна партија како активен учесник со свои кандидати покрај коалицијата со СДСМ, настапи и со свои листи во три општини и тоа:
во општина Илинден со освоени 7.50% и еден советнички мандат, во општина Чешиново-Облешево 6.40% и еден советнички мандат, како и освоени 4% со градоначалничкиот кандидат во Тетово, Стевица Саркоски.
Напоменуваме дека овој резултат покрај секојдневната работа на теренот како и активното учество во политичките процеси изминатите четири години е постигнат без никакви реклами и нула проценти маркетинг.
ВМРО-Народна партија им благодари на сите членови, симпатизери и пријатели за добиените гласови како и искажаната доверба која ни дава нови сили и енергија да продолжиме да ја чуваме, како единствена партија, изворната идеологија на ВМРО, но и да се бориме како достоинствена опозиција и коректор на политиките на Власта.
Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија
Фото: МИА архива