• среда, 18 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе понудиме решение за секој проблем на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе понудиме решение за секој проблем на граѓаните

27 јуни 2021

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов, Бране Петрушевски и Даниела Христова денес остварија средба со граѓаните, каде што беше посочено дека власта наместо да им ги решава проблемите на граѓаните, таа дополнително им создава проблеми, укажувајќи дека идна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во интерес на сите граѓани и ќе создаде поквалитетен и подобар живот за сите.

Во населбата Перо Чичо каде живее најнеуспешниот министер Оливер Спасовски, потенциравме дека МВР издаде 215 пасоши и лични документи на белосветски криминалци, нарко босови од Србија, Црна Гора, Италија, Турција, Албанија, целото подземје го собраа и му дадоа македонски пасоши за да хараат низ светот. И наместо да има одговорност за врвот на власта, се се заврши со затворски пресуди за неколку шалтерски службеници, а крупните риби останаа недопрени. Време е  да се прекинат поделбите генерирани од штетните политики на Заев и СДСМ, напиша Петрушевски.

Пратеникот Ефтимов од Дражево село порача дека никој од власта не дошол да ги слушне нивните проблеми, додавајќи дека додека СДСМ ги потценува граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ги почитува.

Беласица, место каде природата дарува чистина и пријатни луѓе. Дражево село каде не дошол да ги види никој од власта а имаат реални секојдневни проблеми и со земјоделие,здравство,труд и социјала политика. Додека власта ги потценува граѓаните  ние ќе ги почитуваме. #Македонија за сите луѓе, истакна Ефтимов.

Во Македонска Каменица , во последните четири години како времето да застанало !

Со прст се нема мрднато. Народот се буди и согледува дека оваа власт час поскоро мора да си замине, напиша Христова.

На средбата беше нагласено дека незадоволството на граѓаните од неспособната влада на СДСМ и Зоран Заев ќе резултира со пораз на претстојните локални избори, а со тоа ќе се создаде Македонија за сите луѓе.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан