• среда, 25 март 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова ќе остане запаметена по скандалозниот предлог за увоз на отпад од цела Европа

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова ќе остане запаметена по скандалозниот предлог за увоз на отпад од цела Европа

Скопје, 27 август 2025

Екс-министерката Шукова позната како трујач на скопјани, кога веќе реши да позира покрај „ОХИС“, нека се потсети дека таму стои најголемата отворена рана на Скопје – депонијата со линдан, канцерогената бомба што со години го труе нашиот град, а таа и нејзината партија ја премолчуваа, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Каја Шукова од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

А кога веќе спомнува кафе и прошетки, нека застане и во „ТИТАН Усје“, таму каде што СДС и ДУИ, заедно со неа, имаа одлична „соработка“ во труењето на скопјани.

Токму таа ќе остане запаметена по скандалозниот предлог за увоз на отпад од цела Европа и негово согорување во Македонија.

Замислете, со европско знаменце, директно потпишано од СДС-ДУИ.

Тоа беше нивниот план за градот и за граѓаните!

Кандидатката во обид, пуштена од сопствената партија само за да изгори, денес се обидува да зборува за инфраструктура. Нека не се грижи, булеварите ќе бидат завршени и тоа експресно, но од идниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Канцерот на скопјани, СДС и нивното време завршува.

Единственото нешто што можат да поправат се сопствените редови по силниот пораз.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

Остани поврзан