• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Шукова ниту имаат план, ниту знаат како да го подобрат животот на скопјани

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Шукова ниту имаат план, ниту знаат како да го подобрат животот на скопјани

Скопје, 25 јули 2025

Кога Шукова зборува за зеленило, чист воздух и јавен превоз, се поставува прашањето дали таа беше министер во Влада на СДС или некој друг? Шукова говори за тоа што му фали на Скопје, и тоа би било во ред, доколку само до пред една година таа не беше токму министер за животна средина и просторно планирање, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја објавува интегрално.

Таа како министер имаше можност и простор, да направи план за намалување на аерозагадувањето, за зелени површини, за еколошки јавен превоз, но сепак таа одлучи да му слугува на Ковачевски, а во реалноста на Заев.

СДС и Шукова ниту имаат план, ниту знаат како да го подобрат животот на Скопјани. Тоа е видливо затоа што единствен „успех’’ на СДС во Скопје за подобрување на животната средина е зелената површина на Шилегов на плоштадот.

Затоа времето на Шукова заврши уште пред да почне. На граѓаните им е преку глава од лажни ветувања кои знаат дека нема да се реализираат.

Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ постепено ќе ги градат темелите на промените во Скопје!

ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

Остани поврзан