ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува слепо да ги слуша Зоран Заев и ПР-шефот, Башановиќ, кои го донесоа до 3,6 отсто рејтинг
- Поданоста и слепата послушност кон Зоран Заев, Венко Филипче го чини топење на и така неговиот, но и партиски, слаб рејтинг, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
1 април 2026
Поданоста и слепата послушност кон Зоран Заев, Венко Филипче го чини топење на и така неговиот, но и партиски, слаб рејтинг, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
На Филипче и СДС не им беа доволно и не извлекоа поука од последователните катастрофални изборни порази, каде што дојдоа на едвај 130 илјади гласа, па продолжија дословно да ги исполнуваат желбите на Заев, со поставување негови луѓе во раководните партиски тела, и да слушаат лошите ПР-совети од Башановиќ.
Во Филипче и во СДС веќе никој не верува, довербата од граѓаните им се сведе на минорни 3,6 % и 4,5 % рејтинг. Меѓу ретките што сè уште им изразуваат некаква поддршка се луѓе лојалисти на Заев, поддршка од членството и од симпатизерите нема.
Филипче функционира и дејствува само по директива на Заев, а сега со новиот ПР-шеф, Башановиќ, продолжува да тоне на политичката сцена.
Истите луѓе на Заев, кои до пред неколку години заедно го водеа СДС, сега се здружени со Филипче во таканареченото ново партиско раководство и одат кон пропаст.
Така, Филипче заедно со Заев и неговиот куќен пријател и советник, Зоран Башановиќ, некогаш големиот СДС го доведоа до рејтинг на граница на статистичка грешка.
Слободно може да се каже дека во Македонија веќе нема опозиција, и тоа е поради Филипче и СДС, затоа што нивните празни флоскули и демагогии што ги шират во јавноста не поминуваат и граѓаните тоа го казнуваат.
За да се врати СДС на она што некогаш беше, голема партија, која ќе биде конструктивна, легитимна и, пред сè, кредибилна опозиција, потребни се нов пристап, реформи, дистанцирање и оградување како од Заев така и од Филипче.