• четврток, 26 март 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да работи за бугарските интереси поради неговите бонбона бизниси, туку да работи за македонските интереси

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да работи за бугарските интереси поради неговите бонбона бизниси, туку да работи за македонските интереси

4 октомври 2025 

Венко Филипче со новата резолуција сака да си отвори пат за правење на бонбона бизнис зделки со неговиот гуру Зоран Заев, на штета на македонскиот народ, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. 

Филипче покажа и докажа дека за него се важни само личните интереси, по цена дури и да го понижи македонскиот идентитет. 

Да потсетиме, Филипче ја формираше фирмата Пауер АИ8 ЛТД (POWER i8 Ltd) и истата ја регистрираше на адреса со фирмите на Заеви, меѓу кои и Гомасидра, каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола.

Потоа, ова криминално дуо, откако ги сврте овие 9 милиони евра, си отвори фирма во Дојран за производство на фотоволтаици. Прав бонбона бизнис.

Филипче и Заев со својата соработка за бонбона бизнис интереси во Бугарија, се спремни да го докрајчат македонскиот народ, кој и онака изминативе години пропати баш поради нивните политики. 

Затоа Филипче да престане да работи за бугарските интереси поради неговите бонбона бизниси, туку да работи за македонските интереси.

Бонбона бизнисите не се вредни за Филипче да го предаде македонскиот народ и неговиот идентитет.

Граѓаните се мудри и не ги поддржуваат неговите политики. Затоа на овие избори, граѓаните ќе го направат вистинскиот избор, со заокружување на бројот 9, за горда Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан