• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: УЈП затвора мали продавници, големите трговци никој не ги контролира

ВМРО-ДПМНЕ:  УЈП затвора мали продавници, големите трговци никој не ги контролира
19 март 2022 

Изминатите неколку дена УЈП предводено од партискиот кадар на СДСМ, Сања Лукареска врши брутална хајка врз најситните трговци и продавници, додека големите трговци никој не ги контролира.

Под изговорот „контрола“ на маржите се удира врз најситните дуќанџии додека големите трговски субјекти блиски до власта се заштитени како бели мечки.

Тимови составени од партиски кадри влегуваат во ситните маалски продавници и врз строго селективни критериуми, политички селективно изрекуваат казни, и ги товорат со дополнителни трошоци осудувајќи ги на пропаст.

Тие не се задолжени да констатираат крупни неправилности туку да извршат хајка врз тие кои не мислат како власта.

Еден од таквите тимови на УЈП е предводен од Александар Ѓорѓиоски, претседател на младите на СДСМ Прилеп и актуелен советник, вработен во УЈП. Ѓорѓиоски наместо да се соочи со обвинителен акт поради тоа што во време на изборите се закануваше по безбедноста и животот на детето на прилепскиот градоначалник д-р Јовчески, тој дели казни во име на УЈП и затвора маалски дуќани низ градовите Охрид, Битола, Прилеп.

Ваквите политички мотивирани хајки говорат дека институциите се киднапирани, но и дека власта губи контрола соочени со драстично малата поддршка и револтот на народот поради неспособната влада.

Тоа значи дека на СДСМ му гори под нозе и доаѓа времето за одговорност за сите нивни злодела.

  Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан