• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Со одбивањето на иницијативата за поништување на Законот за попис, власта го покажа вистинскиот хибриден режим

ВМРО-ДПМНЕ: Со одбивањето на иницијативата за поништување на Законот за попис, власта го покажа вистинскиот хибриден режим
Скопје, 11 февруари 2021  Владимир Нелоски, претседател на градскиот комитет при ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во „Утрински брифинг“ зборуваше за пописот кое е многу актуелна тема период каде истакна дека не постои друга земја во светот каде што мора да има двоен потпис од двајца директори за тој да биде валиден. Нелоски укажа дека со одбивањето на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на Законот за попис власта го покажа лицето на вистинскиот хибриден режим. -За жал ние сме единствена држава во светот каде што пописот не се користи како статистичка операција, туку како политичка операција. Тоа е така затоа што јас не познавам земја друга во светот каде што мора да има двоен попис од двајца директори за да биде тој валиден и не ја разбирам потребата на власта да го одбие предлогот- потписи за нов Закон за поништување на законот за попис. На овој начин со тоа што ги одбија нашата иницијатива го покажаа лицето на вистинскиот хибриден режим кој што и тие се. Но, тоа нема да не спречи како ВМРО-ДПМНЕ да направиме граѓанска иницијатива за собирање на потписи на сите плоштади низ цела Македонија бидејќи гласот на народот ќе биде слушнат и ќе види и Зоран Заев и свитата околу него дека има граѓани кои се против одржување на пописот во овој момент со оваа пандемија во која што се наоѓаме, рече Нелоски во своето гостување. Понатаму Нелоски во своето гостување објасни зошто треба да се одложи пописот. -Ако пописот го одложија голем број на земји во светот, пред некој дене еве нашиот сосед Косово го одложи пописот симптоматично е зошто ние во овој момент форсираме ваков попис. Зошто не се одложи за период кога граѓаните ќе се чувствуваат безбедни бидејќи да не заборавиме тој попис нас ќе ни биде основа за спроведување на политики во државата, ќе ни биде основа дали во Ново Село ќе направиме училиште или ќе направиме некоја градинка во Драчево. Јас се согласувам дека нас ни треба попис. Како ние да имаме доверба кога се лицитира со бројки, како да имаме доверба дека сите граѓани ќе отворат дома за да им се направи попис. Јас знам луѓе кои велат јас имам 57 години, имам дијабетис и нема да отворам ако некој ми заѕвони на врата бидејќи се плашам по моето здравје, додаде Нелоски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан