ВМРО-ДПМНЕ: СДС тврдеа дека уставните измени се последно барање на Бугарија, сега од таму ги демантираат
- СООПШТЕНИЕ: Министерот за надворешни работи на Бугарија, јасно кажа дека уставните измени нема да бидат последно барање.

Скопје, 18 април 2025
СДС тврдеа дека уставните измени се последно барање на Бугарија, сега од таму ги демантираат.
Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ, Бујар Османи, две години тврдеа дека уставните измени ќе бидат последно барање на Бугарија, иако ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека тоа нема да е случај. СДС лажеше свесно.
Тоа што сите го знаеја и на кое предупредувавме, сега го кажаа и од самата Бугарија.
Министерот за надворешни работи на Бугарија, јасно кажа дека уставните измени нема да бидат последно барање.
Да не беше ВМРО-ДПМНЕ и промислената и државничка политика, СДС ќе ја заглавеше државата.
СДС се синоним за криминал, неспособност и предавства.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: „Фејсбук“