ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се води по измислен закон, во Законот за вино јасно стои дека цената се утврдува, а не објавува
- СООПШТЕНИЕ -
Скопје, 16 јули 2025
Празните флоскули на СДС продолжуваат.
Соопштенијата ја одликуваат безидејноста и манипулацијата на СДС.
Но, за среќа граѓаните одамна ги прочитаа и не им поминува.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја утврди производната цена по килограм произведено винско грозје за 2025 година во законско предвидениот рок.
За да бидат нештата појасни, начинот на утврдување на производната цена се пресметува согласно член 22 од Законот за вино, каде што е утврдено дека пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет, согласно со Методологијата од член 21 од Законот ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството по претходен спроведен Јавен конкурс.
Согласно одредбите од истиот член Министерството објави Јавен конкурс за избор на институцијата за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет на 24.01.2025 година. По завршување на Јавниот конкурс склучен е договор со високо образовна институција за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет, која ја утврди производната цена на двете најзастапени сорти од винско грозје во законски определениот рок.
Не знаеме по кој измислен Закон се водат од СДС, но со соопштението уште еднаш докажаа зошто ќе останат во длабока опозиција.
Времето на лаги и манипулации заврши.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото МИА архива