• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ не се способни трева на готов стадион да одржат

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ не се способни трева на готов стадион да одржат

Скопје, 10 септември 2023

СДС и ДУИ не се способни трева на готов стадион да одржат, а не пак Македонија во ЕУ да ја однесат.

Италијанските медиуми пишуваа за бламот на власта која дозволила Националниот стадион да има руиниран терен со дупки и исушена трева.

Националниот стадион кој е изграден во време на ВМРО-ДПМНЕ, кој е објект со кој државата се гордее е целосно запуштен од страна на СДС и ДУИ.

Власт која не е способна да полева трева со вода и да ја коси истата потоа, не може да управува со маалски дуќан, а не пак со држава, уште помалку да ја носи државата во ЕУ.

СДС и ДУИ ја срамат Македонија на секој чекор. И СДС и ДУИ треба што поскоро да си заминат.

 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан