• понеделник, 24 февруари 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Сајтот на СДСМ е преполн со вируси на омраза и корупција

ВМРО-ДПМНЕ: Сајтот на СДСМ е преполн со вируси на омраза и корупција

 Скопје, 16 јануари 2025

Дури и сервисите за проверка на интернет безбедноста го препознаваат вистинскиот карактер на СДС – нивниот сајт е преполн со вируси, исто како што нивната политика е заразена со вирусот на омразата, корупцијата и гневот кон сопствената држава и граѓаните.

Наместо да измислуваат лаги за работењето на Владата, пратениците на СДС треба да одговорат пред граѓаните: Каде се милионите евра украдени за време на нивното владеење? Каде се проектите кои ги ветуваа? Дали омразата која ја шират е сè што останало од нивната некогашна визија?

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во првите шест месеци покажа дека е посветена на реформите, економскиот раст и подобрувањето на животниот стандард. Пензиите се зголемени, платите се зголемуваат, оточнуваат нови  инвестиции, се отвораат нови патишта, се реализираат проекти за нови работни места, а животниот стандард на граѓаните ќе продолжи да се подобрува со мерките кои ги имплементираме.

Наместо со вируси и омраза, нашата работа е да ги лекуваме последиците од нивната неспособност и да создадеме подобра иднина за секој граѓанин.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан