• четврток, 26 март 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција, Македонија станува значајна енергетска крстосница во регионот

ВМРО-ДПМНЕ: Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција, Македонија станува значајна енергетска крстосница во регионот

Скопје, 10 јули 2025 

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на изградба на темелите и основата за енергетска стабилност во државата, како и сигурен и ефикасен енергетски систем за одржлив и модерен развој.

За разлика од минатите 7 години на нестручно и недомаќинско владеење на СДС и ДУИ со енергетскиот сектор кој доведе до девастација на електро-енергетските капацитети и неколку кратно зголемување на сметките за електрична и топлинска енергија на граѓаните, сега се поставени темелите за енергетска стабилност и независност.

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција. Се градат 66,6 километри гасовод на македонска страна. Почетниот капацитет на гас е 1,5 милијарди кубни метри со потенцијал да се зголеми на 3 милијарди кубни метри. Вредноста на проектот е 60 милиони евра.

Проектот го реализира домашната компанија, времето на изградба на проектот е планирано да заврши за 22 месеца, а интерконекторот да биде готов во 2027 година.

Изградбата на гасоводот е капитална инвестиција за државата но преку реализацијата на гасоводот се поврзуваме и со останатите земји во регионот и Македонија станува значајна енергетска крстосница, а конкретни придобивки освен регионот ќе имаат и македонските граѓани и компании.

Со овој интерконектор ќе имаме стабилно снабдување, но и пониски цени за граѓаните.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има јасен план и стратегија за енергетскиот сектор во служба на Македонија и граѓаните. За зголемена енергетска ефикасност и сериозни повеќегодишни инвестиции во енергетиката со цел домашно производство на енергија  како гарант за конкурентност на македонската економија.

Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан