• четврток, 04 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот притисок на СДС врз судството да престане, законот мора да важи за сите, време е за независно правосудство

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот притисок на СДС врз судството да престане, законот мора да важи за сите, време е за независно правосудство

25 ноември 2025

СДС продолжува да ги штити криминалците во сопствените редови. СДС да не ја замајува јавноста, време е СДС да ги тргнат рацете од институциите и да ги остават судските органи да работат исклучиво по тоа како што налага законот, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

СДС се нервозни поради тоа што се открива криминалот од нивното раководење на државата, на нивните функционери кое ги уништи институциите и ја опустоши економијата.

СДС треба да знае дека законот мора да се почитува. Политиката мора да ги тргне рацете од правосудниот систем.

Власта на СДС беше одбележана по бруталните политички монтирани случаи, спроведени преку Русковска обвинителството и Кацарска судството, кои наместо по правото, гонеа и судеа според наредбите на Заев.

Судиите избрани во Зајас и Струмица ја спроведоа современата инквизиција по нарачка на Заев.

Судиите и обвинителите измеќари на Заев и Ахмети се виновни за довербата во судството од само 2 проценти.

Институциите мора да профункционираат а законот да важи еднакво за сите. Време е правото и правдата да профункционираат во државата.

 

Остани поврзан