• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ поднела амандмани за Законот за работни односи што се однесува на градењето на Коридорите 8 и 10д

ВМРО-ДПМНЕ поднела амандмани за Законот за работни односи што се однесува на градењето на Коридорите 8 и 10д

Скопје, 11 април 2023 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон изготвување на суштински амандмани со цел подобрување на законите кои се однесуваат на градењето на Коридорите 8 и 10д и избегнување на штетите кои би ги трпела државата, истакна на денешната прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.

Потенцира дека веќе имаат поднесено амандмани за Законот за работни односи, што е ставен на дневен ред на денешната закажана седница на собраниската Комисија за труд и социлајна работа.

-Дали СДС и ДУИ, т.е. Димитар Ковачевски и Артан Груби со договорот кој го потпишале со „Бехтел и Енка“ ја обврзале Македонија да плаќа милионски пенали, доколку не се измени Законот за работни односи и не се овозможи 60 часовна работна недела за работниците кои ќе работат на проектот на „Бехтел и Енка“ на Коридорите 8 и 10д. Доколку е вистина, пеналите кои Ковачевски и Груби ги прифатиле како дел од договорот се на директна штета на државата и надвор од нивните овластувања како извршна власт. Согласно извадокот од договорот што го виде македонската јавност се обврзале во рок од 45 дена од денот на потпишување на договорот да го сменат Законот за работни односи и да воведат 60 часовна работна недела, во спротивно треба да исплатат еднократни пенали во висина од 53 милиони евра, рече Панова.

Таа рече дека тимовите на нејзината партија тимови ги разгледуваат законите и кога ќе имаат изготвено материјали за подобрување на законите ќе бидат закажани собраниските комисии на кои се ставени законите за градењето на Коридорите 8 и 10д.

-Тимовите на ВМРО-ДПМНЕ, нашите комисии со консултации со стручни лица ги разгледаа предложените законски измени и покрај краткиот рок и затоа реков дека ние пристапуваме кон носење, поднесување суштински амандмани со коишто би ги подобриле вака предложените закони, бидејќи дали сме за градење на капитални инвестиции, да, ние сме за градење на капитални инвестиции. Меѓутоа законите што се носат во ова Собрание, во никој случај не смеат да бидат во спротивност на Уставот, и никако не можат да бидат на штета на граѓаните. Затоа сме тука, затоа ги разгледувавме овие неколку дена, па и викендот, овие закони, и на Комисијата на труд и социјална политика која што е закажана денес имаме поднесено веќе два или три амандмани што се токму за ова што ги наоѓаме најголемите забелешки. Ние имаме претседатели на три работни комисии тоа се Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за транспорт и врски и Комисијата за земјоделие. Овие комисии ќе бидат свикани, меѓутоа треба да се остави одреден простор да може да и експертската јавност да го каже своето мислење во врска со законите затоа што е поентата да се носат закони во ова Собрание на препад на пратениците. Да бидат пуштени законски решенија, односно цели закони во петокот и за понеделник да биде веќе закажана седница на која што се закажана потребата за носење на овие законит по скратена постапка навистина е скандалозно само по себе, рече Панова.

Таа потенцира дека ќе бараат да се одложи закажаната денешна собраниска Комисија за труд и социјална политика, бидејќи претседател на оваа комисија се уште претставник од владејачка партија, односно на Алијанса за Албанците. Посочи дека оваа позиција секогаш и припаѓа на опозицијата и потенцира дека ќе побараат да се закаже седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, за да се избере нов претседател на Комисијата.

-Видовте во текот на викендот многу засегнати граѓани, а исто така и институции реагираа. Стручната јавност реагираше во врска со овие законски решенија. Да почекаме, ние бараме да има голема дебата во стручната јавност. Ние затоа ќе оставиме простор да може таа дебата природно да се реши, бидејќи видовме дека по притисок на јавноста еден од предложените закони веќе беше повлечен, кажа таа. фф/нд/ 

Остани поврзан