• петок, 22 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Откога Заев беше подготвен да разнебити се што е македонско се со цел да остане на власт и повторно не доби датум за преговори, сега е во нов елемент на лажен патриот

ВМРО-ДПМНЕ: Откога Заев беше подготвен да разнебити се што е македонско се со цел да остане на власт и повторно не доби датум за преговори, сега е во нов елемент на лажен патриот
Скопје, 10 декември 2020  Откога Зоран Заев понуди и беше подготвен да разнебити се што е македонско со цел да остане на власт и повторно не доби датум за преговори за членство во ЕУ, видовме дека сега е во нов елемент на лажен патриот. Самото интервју кое наликуваше на своевиден танц со ѕвездите, каде што недостасуваше мелахонична музика која што ќе го надополни амбиентот, македонската јавност беше сведок како премиерот во заминување сам си одговара прашањата, а новинарот не му контрира на лагите без вистинските прашања кои што се дел од милјето кое што го живее и кое што го интересира обичниот граѓанин. Дури и во момент на невнимание не се обиде медиумот кој изврши цензура кон лидерот на опозиција на премиерот да постави прашање кое јавноста ја засега. Едноставно ако се земе ова интервју во Македонија за сто дена не се случило вето, не пропаднала банка каде кредити влечел братот на премиерот, нема рецесија, не поскапела струјата, не се загубиле над 2.000 животи од корона. Вистинските прашања на кои што граѓаните очекуваа одговори, а Заев вечерва не одговори: 1. Зоран Заев да каже што му ветил на Бојко Борисов уште како опозиционер со цел да дојде и да ја задржи својата премиерска фотелја? 2. Дали ова значи признание дека практично имаме уценет премиер кој што му должи на премиер на соседна држава? 3. Зошто Зоран Заев лажеше дека не преговара за македонскиот идентитет, кога придавката „македонски“ стана јасно дека била предмет на разговори? 4. Дали според Зоран Заев имало бугарска администрација или бугарски окупатор во Македонија? 5. Зошто Зоран Заев се нема извинето, бидејќи бугарскиот окупатор го прогласи за бугарска администрација? 6. На кој јазик говорат Македонците во Струмица, и на кој јазик говорат Македонците во Петрич? 7. Дали постои македонско малцинство во Бугарија? 8. Зошто Зоран Заев не разликува споделена од заедничка историја? 9. Зошто Заев не одговори за денешниот скандал, каде што лично се потврди дека ги договарал судството и обвинителството, кој да добие, а кој да не добие притвор? Воедно, Сакаме да го нотираме фактот дека е забележливо дека премиерот не одговара на прашања за кои јавноста бара одговори, а во извонредно ретки случаи кога некој ќе се осмели да постави критичко прашање премиерот дава одговор кој нема никаква врска со прашањето, а новинарот од нејасни причини се автоцензурира и не бара појаснување иако е очигледно и забележливо дека премиерот не дава одговор на прашање кое му е поставено и одговара на друга тема со бескрајни монолози без суштина. Покрај тоа што ова е доказ за диктат врз медиумите кој има идентичен и забележлив потпис, добра работа е дека истото ова е најголем индикатор дека власта заради сопствените грешки е сериозно дестабилизирана и пред колапс. Освен што дознавме дека Зоран Заев имал високо мислење за водителот и телевизијата Телма, дека премиерот не го знаел составот на Комисијата за заразни болести и што таа работи во услови на пандемија, и дека со Венко Филипче возеле мотори додека граѓани губат животи, не можат да дојдат до здравствена заштита, а во болниците нема кревети и кислород, јавноста од ова интервју не запамети ништо друго затоа што и ништо друго суштински не беше кажано. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ - реакција на интервјуто на Зоран Заев за емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан